| четврток, 6 декември 2018 |

Три народи поделени со заеднички јазик

Untitled

Извор: Слободна Европа – Прага

Во нашето поднебје несогласувањата, па некогаш и вистински расправии, најлесно се потпалуваат со жешки слогани за еднакви права и загрозеност, со верата и нацијата, историската вина и невиноста, а при тоа воопшто не се допраат сегашноста или иднината.

Зошто би им требло на босанските Хрвати да имаат свој ТВ канал?

Читав цели мини студии од медиумски експерти во кои се споредува и неспоредливото, на пример искуството на Белгија со фламанските и валонските програми или на Швајцарија со германскиот, италијанскиот, францускиот и ретореманскиот јазик, кој го зборуваат само 0,5 отсто жители, но уставно е национален јазик.

Се потегнува прашањето за цената на еден таков проект, за тоа дали за такво нешто има доволно новинарски и продукциски персонал; дали и тој национален ТВ канал ќе служи само за промоција на ставови и опстојување на власт, а се знае од кои партии и која политика; се до стравот дека националната ТВ е само чекор до враќање во новинарството чии бисери се вести за фрлање на деца на лавови или огнени декларации од типот чест ми е да лажам за татковината.

Во време на преовладување на тој вид на новинарство, во 90-тите на Балканот, луѓето од различни мотиви и перспективи можеа и да жалат бидејќи со зголемениот национализам се укинати телевизиите на јазиците на малцинствата, на пример унгарската или албанската.

Мојот добар пријател, долгогодишен дописник од светот на „Политика“ Душан Симиќ-Кира, ми зборуваше дека во време на пропаганда на војните и оправдувањето на злосторствата по некогаш барал телевизиски дневник на унгарски јазик. Не разбирајќи ни збор, можел да гледа вести без националистички инспирации и интерпретации.

Во домашните и меѓународните дебати на оваа тема личното несогласување со инцијативите за канал на хрватски јазик го темелев на причини кои немаат ништо ни со цената ни со програмските потенцијали потребни за таков чекор. Мислам дека заговарањето на тој проект за признавање на апартхејдот и информативниот берлински ѕид по две децении откако тие го укинаа и во Јужна Африка и во Германија и медиумска гетоизација наместо средби и збогатување во разликите.

Ако хрватскиот канал ќе значи дека во неговите дијалошки емисии и на вестите ќе зборуваат само тие кои говорат чист хрватски, со сите јазички новости кои нападно беа произведени и наметнувани последните 20 години, дали тоа нема да значи дека во хрватско семејство повеќе нема да слушаме што за заедничките теми на европската или било каква иднина мислат и велат сите други? Дали така нема да бидеме осиромашени за дијалог, разбирање и приближување на разликите, за културното богатство и вредноста на своите соседи?

Ако е така, тогаш тоа е само нов чекор во промоција на идеали на кои настана рецивилизацискиот проект на две училишта под еден покрив, со посебни влезови и стриктно одвојување на децата при доаѓање во училиште и на училишните одмори, само што тие на овој начин се наметнуваат како доживотно искуство на одвојување, од лулка па до гроб.

За разлика од швајцарскиот или белгискиот модел, каде постојат програми на многу различни јазици, во нашиот случај нашите наводно коститутивни народи совршено знаат, а кога би сакале би можеле и да ги разберат, јазиците на кои зборуваат другите, па верувам дека во тој заеднички јазичен и културен простор и хрватскиот, како и босанскиот или српскиот национален интерес ќе биде подобро претставен, па и прилагоден на реалностите во соочување и уважување на аргументите и интересите на другите.

Од таа перспектива, проблем би бил ако во програмите на јавниот сервис хрватските избрани претставници, јавните работници од разни профили, писатели, уметници, правници, економисти, историчари, не се доволно или рамноправо застапени; ако хрватскиот јазик е потиснат и маргинализиран во информативните емиси; ако е занемарена хрватската културна продукција.

Тоа се мерни показатели на рамноправноста на кои институциите и личностите, во овој случај најодговорни за функционирање на јавните сервиси, треба да посветуваат најголемо внимание како на еден од темелите на мирна Босна. За такво нешто не се потребни политички спонзори, ни партии и парламенти, туку интелектуална и професионална отвореност за дијалог и разлики и за промоција на вредностите, наследството и творештвото и на своите и на другите.

Инаку би можеле да живееме во реалноста на три народи одвоени со заеднички јазик (Џорџ Бернар Шо, 1856-1950: Англија и Америка се две земји одвоени со заеднички јазик).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top