Македонскиот манифест во отвореното писмо ги повикува граѓаните на Република Македонија да бидат единствени и спремни на силен отпор против, како што велат, сите кои работат на разнебитување на македонската држава.
Создавањето и постоењето на Македонски манифест, како што наведуваат неговите членови, е поврзано со зачувување на македонското име (идентитет) и територијалниот интегритет на македонската држава, која веќе 25 години е под силен притисок на надворешни и внатрешни непријатели.
– Македонскиот манифест секогаш бил против поставување на партиските интереси над националните и државните, затоа што со нив се прават поделби на македонскиот народ и се урива државноста. Денешната драматична состојба во Република Македонија наликува на таа од пред 2001 година. Иста е и целта, се вели во писмото.
Од Македонскиот манифест апелираат да се внимава на состојбите во македонските државни институции, но и на однесувањето на политичките партии.
– Не смееме да попуштиме пред надворешни и внатрешни фактори кои би имале за цел да го загрозат македонскиот државен интегритет и суверенитет, се наведува во отвореното писмо до граѓаните на РМ.
Македонскиот манифест ги повикува двете најголеми македонски партии, како што велат „да не си играат со македонските национални интереси затоа што Република Македонија не е нивна приватна сопственост“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


