Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе присуствува на церемонијата за инаугурација на новоизбраниот папа Франциск.
На инаугурација што ќе се одржи на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан се очекуваат околу милион верници, а меѓу нив ќе бидат многубројни претседатели на влади и држави, меѓу кои ќе има и контроверзни политички ликови.
Во Рим допатуваа американскиот потпретседател Џо Бајден, мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието, претседателот на Чиле, Себастиан Пинера, а се очекува да пристигне и претседателката на Бразил, Дилма Русеф.
Уште вчера во Ватикан допатува и контроверзниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе (89), кој е обвинуван за многубројни кршења на човековите права, и покрај јасната забрана на ЕУ за негово доаѓање на европско тло. Мугабе е чест гостин во Ватикан. Во последните осум години, петпати ја посетил оваа земја.
На инаугурацијата допатува уште еден контроверзен државник. Станува збор за претседателот на Тајван, Ма Јинг Јеу, поради што Кина веќе официјално реагираше. Кина ги прекина дипломатските односи со Ватикан во 1951 година откако Светата столица го призна Тајван.
Индија, пак, на свечената миса испрати делегација на чие чело е политичар кој бил осомничен за групно силување малолетничка.
Европската унија на инаугирацијата ќе биде претставена од претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, и од претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. На свеченоста ќе присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на Франција и на Шпанија, Жан Марк Уролт и Мариано Рајо. Од Русија ќе допатува претседателот на Думата, Сергеј Наришкин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме


