САД нема да ги попречат Велика Британија, Франција, ниту која било друга земја да ги вооружува сириските бунтовници, изјави американскиот државен секретар Џон Кери. Според него, колку подолго трае насилството во Сирија, толку е поголема опасноста од уривање на нејзините институции, при што екстремистите ќе можат лесно да дојдат до хемиското оружје.
– САД нема да ги спречат другите земји, кои одлучиле да им достават оружје, без разлика дали станува збор за Франција, Велика Британија или други – додаде тој.
Кери нагласи дека постои нерамнотежа меѓу страните кои војуваат во Сирија, каде што режимот на претседателот Башар ал Асад напаѓа со тенкови, ракети и авијација, а бунтовниците не располагаат со такво оружје. По средбата со австралискиот министер за надворешни работи, Боб Кар, во Стејт департментот истакна дека САД и натаму ќе ги исполнуваат своите заложби кон азиско-пацифичкиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.