| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки-Мун е охрабрен од Белград и од Приштина

glavna-bankimunГенералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун го истакна значењето на дијалогот Белград-Приштина и ги повика двете страни да останат посветени на постигнувањето спогодба преку заемноприфатливо решение. Во соопштението на Бан Ки-Мун се наведува дека генералниот секретар е охрабрен од настојувањата на Белград и на Приштина да постигнат суштински напредок во контекст на дијалогот што го помага високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Катрин Ештон.

Следната рунда од разговорите е закажана за 20 март во Брисел, се потсетува во соопштението. Советот за безбедност на ОН, подоцна неделава, на седница во Њујорк ќе расправа за Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top