За околу еден месец, во државава ќе инвестираат уште две големи и познати компании, најави денеска премиерот Никола Груевски.
– Можам да кажам дека годината почна добро. Еве имаме објава на една турска компанија којашто ќе отвори фабрика во Македонија поврзана со фармацевтската индустрија. Во наредните три-четири недели, очекуваме најмалку уште две крупни компании да го објават својот влез во Македонија. Можеби и повеќе, но најмалку две компании, според сознанијата што ги имаме. Вообичаено не можам да зборувам за имиња додека самите не ги објават своите намери и не не овластат тоа да го направиме. Се додека не се случи тоа ние сме мошне внимателни, изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии