| четврток, 6 декември 2018 |

Коски пронајдени под македонското собрание

sobranieГрадежни работници на фирмата Бетон за времен на викендот и денеска пронашле коски кои личат како да се од човек, објави Press24 од полициски извори. Градежниците на Бетон коските ги нашле додека ископувале земјиште за санација на зградата на македонското Собрание во Скопје.

Коските се пронајдени во просторот под собранискиот ресторан. Од МВР ја потврдуваат информацијата. Велат дека сè уште се врши увид по кој ќе се знае, дали станува збор за коски од човек и од кога се наоѓаат таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top