| четврток, 6 декември 2018 |

Од штипска градинка украдени 3.000 евра

gradinka

Ограбена e градинката што се наоѓа во непосредна близина на штипската полиција. Од сефот во канцеларијата на директорот се украдени 3.000 евра.

Се претпоставува дека крадците, кои влегле кршејќи ја вратата на  една од занималните, за цел го имале само сефот бидејќи не ги допреле ниту телевизорите, ниту компјутерите и дивидијата.

Кражбата случајно ја открил директорот во саботата вечерта. Кога влегол во административниот дел на градинката, се изненадил кога пред неговата канцеларија пронашол француски клуч и ширум отворена врата. Отворен бил и сефот во кој имало 3.000 евра. Случајот е пријавен, а полицијата почна истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top