Опозицијата да се врати во Собранието и политичката дебата да ја насочат во институционална рамка, писмено реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Јани Макрадули од СДСМ.
„Тоа е она кое што граѓаните го очекуваат од нив, да работат за нивните интереси и интересите на државата и да се однесуваат рационално, сериозно и демократски“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Сите потези од СДСМ ги прават само за да ја заштитат кариерата на Бранко Црвенковски и да ги скријат неговите неуспеси и погрешни политики. Доколку Јани Макрадули одбрал да биде заложник на кариерата и политиките на Бранко Црвенковски, тогаш тоа е негово лично право и избор. Но Јани Макрадули, како и целото раководство на СДСМ не смеат и понатаму да ја држат во залог судбината и иднината на целиот народ и на Република Македонија, креирајќи фиктивна реалност, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од Макрадули, како што се наведува во реакцијата, очекувале да се извини за оштетувањето на компјутерската и комуникациската опрема во Собранието и за обидите и заканите за физичкиот напад врз повозрасна пратеничка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст