Српската продуцентка Бојана Ускоковиќ се бори за живот по синоќешната тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес.
Како што пренесува српски „Курир“, 35-годишната Усковиќ била прегазена во близина на нејзината зграда, кога мини-комби со полна брзина налетало на неа.
– Бојана е во болница во Беверли Хилс. Во критична состојба е и не се дозволени посети. Нејзините се во Белград и сите се молиме да преживее – изјавил за „Курир“ близок пријател на Бојана, кој додал дека таа има срцева мана.
Несреќата се случила кога Бојана од зградата во која живеела тргнала да го види црвениот тепих пред театарот „Долби“ за доделувањето на филмските награди.
Ускоковиќ живее во Лос Анџелес од 2003 година и има успешна кариера како продуцент во телевизијата „Си-Би-Ес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.