Атланта хоукс не дозволи трет пораз во серија во НБА лигата и со 97-86 славеше на гостувањето кај Милвоки бакс. Пол Милсеп ја крена екипата од летаргија по двата неуспеси едноподруго и со 23 поени и 16 скока беше движечката сила на „јастребите“ за 44. победа сезонава. Перо Антиќ не погоди ниту еден удар од поле, а се обиде 4 пати, па прокнижи само 3 поени сите од линијата за слобопдни фрлања.
Олдичен меч во дебито за Далас маверикс имаше Амаре Стадемаер со 14 поени за 11 минути игра. Шесткратниот ал-стар кошаркар беше разменет во Далас од Њујорк никс и веднаш покажа дека ќе биде засилување за кандидатот за титулата во НБА лигата. Далас го победи Шарлот со 92-81.
Резултати: Милвоки – Атланта 86-97, Њујорк – Кливленд 83-101, Детроит – Вашингтон 106-89, Индијана – Голден стејт 104-98, Орландо – Филаделфија 103-98, Оклахома сити – Денвер 119-94, Далас – Шарлот 92-81, Портланд – Мемфис 92-98, ЛА лејкерс – Бостон 118-111 (по продолженија)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст