| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден: Хакирана мрежата на најголемиот светски производител на СИМ-картички

Haker prislusuvanje

Американски и британски шпиони ја хакирале интернет-мрежата на најголемиот светски производител на СИМ-картички и ги украле кодовите кои им овозможуваат низ светот да ја прислушуваат комуникацијата по пат на мобилни телефони, се наведува во документот што пред неколку дена бил проследен до новинарите од поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“.

Упадот во мрежата на меѓународната компанија „Гемалто“ бил извршен од заедничкиот оддел на Агенциајта за национална безбедност (НСА) и британскиот владин штаб за комуникации, безбедносни служби кои се занимаваат со криптографија, се наведува во објавените делови од доверливиот документ од 2010 година.

Разузнавачките агенции со помош на клучот за дешифрирање можат да се прислушуваат гласовни и дата комуникации без притоа да се бара одобрување од телекомуникациските оператори или од странските влади.

Во најважните „пробни“ операции, британскиот владин штаб за комуникации во првите три месеци од 2010 година,успеала да украде кодови од провајдери на безжичните мрежи во Србија, Авганистан, Индија, Иран, Исланд, Таџикистан и Јемен, но доживеала неуспех во Пакистан.

Британскиот владин штаб за комуникации ги следела е-пораки на повеќе од 150 луѓе, главно запослени во кинескиот гигант Хуавеи, но и во компаниите Ериксон, Нокиа, Јаху, Гугл…

Гемалто, со седиште во Холандија, е глобален лидер во дигиталната безбедност, произведува чипови за мобилни телефони и нова генерација кредитни картички, а меѓу клиентите на компаниите се околу 450 провајдери на безжична мрежа низ светот.

Компанијата работи во 85 земји и годишно произведува околу 2 милијарди СИМ-картички. Според документите објавени од Сноуден, Гемалто воопшто не бил ниту свесен за упадот во системот, ниту, пак, дека вработените во компаниите биле жртви на шпионажа.

Извршниот потпретседател на „Гемалто“, Пол Беверли, изразил длабока загриженост поради тие наводи.

– Сега е најважно да сфатиме како тоа е направено за да се преземат сите мерки за тоа повеќе да не се повтори – рекол Беверли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top