Даниел Кајмакоски, кој деновиве доживеа сообраќајна несреќа, во која, за среќа, не беше повреден, конечно е огласи и откри што точно се случило тоа кобно попладне.
Драги пријатели, пред се сакам да му се заблагодарам на Господ што ме чува, но сакам и да ви се извинам за се што ви згрешив, а поготово за тоа што ми се случи пред некој ден. Сакам да им се извинам на сите дечиња и нивните родители кои беа загрижени за мене, но сакам да им побарам прошка и на мајка ми и сите мои најблиски! Многу ми е жал што ве вознемирив и ви ветувам дека ќе се чувам”, вели Даниел за Вечер.
Пејачот во моментов е во Скопје, каде што се спрема за претстојниот настап во Виена, каде што со песната “Лисја есенски” ќе ја претставува нашата земја на овогодинешното евровизиско натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.