| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Кларк Тери

720x405-164167963Џез трубачот Кларк Тери, познат по извонредно плодна кариера којашто траеше цели седум децении, почина на 94-годишна возраст, објави неговата сопруга.
Кларк Тери, добитник на престижната музичка награда Греми и композитор кој работеше со величини како Били Холидеј, Ела Фицџералд и Квинси Џон, „му се придружи на големиот музички состав на небото каде ќе пее и свири со ангелите, напиша неговата сопруга Гвен Тери на Facebook страницата на музичарот кој долги години боледуваше од дијабетес.
– Не’ напушти спокојно, опкружен од своето семејство, студенти и пријатели, додава Гвен. Според официјалната интернет страница на музичарот, Тери е еден од џез музичарите кој снимил најмногу нумери, а снимал, на пример со Оскар Питерсон, Дизи Гилипси, Дина Вашингтон, Арета Френклин, Реј Чарлс, Били Страјорн и Телониус Монк.
Роден во Сент Луис, во сојузната американска држава Мисури, Тери ја стекна славата по неколкуте години минати во морнарицата, свирејќи од крајот на 1940-те и 190-те со Каунт Бејзи и Дјук Елингтон, а потоа и со бендот The Tonight Show кој го водеше прославениот лидер на групата Док Северинсен. Водеше и сопствени бендови, како и Clark Terry’s Big Bad Band i Clark Terry’s Young Titans of Jazz, а во 2011 година ја издаде автобиографијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top