| четврток, 6 декември 2018 |

Закана за терористички напад врз трговски центар во САД

usa-flagАмериканскиот министер за национална безбедност, Џеј Џонсон, изјави во неделата дека сериозно била примена и разгледувана заканата од припадници дека сомалиската терористичка организација Ал-Шабаб подготвува напад врз еден од најголемите трговски центри во земјата Mall of America, во сојузната држава Минесота.

„Доколку некој денеска планира да го посети овој трговски центар, неопходно е да биде крајно претпазлив“, порача челникот на американската национална безбедност Џеј Џонсон во програмата на телевизиската мрежа CNN.

Всушност Џонсон одговори на претходната објава поставена на интернет во кое милитантите на Ал Шабаб се закани дека изолирани терористи нејзини припадници се подготвени за изведување серија терористички напади врз трговски центри во САД, Велика Британија и Кана, вклучително и „Mall of America“.

Според Џонсон, „во трговскиот центар ќе бидат преземени зголемени безбедносни мерки, меѓутоа претпазливоста и будноста на луѓето во вакви ситуации е особено важно“.

Сопствениците на трговскиот центар во Минесота веќе објавија дека вовеле дополнителни безбедносни мерки. Според нив, некои од тие мерки „ќе бидат видливи за јавноста“.

Од друга страна, неименуван претставник на министерството за CNN појаснил дека министерот „не рекол дека луѓето не треба да одат во трговскиот центар“. „Тој само побара од граѓаните да бидат внимателни и ги предупреди за зголемените безбедносни мерки“, рекол претставникот на министерството за национална безбедност на САД.

Сепак, тој истакна дека безбедносните служби не поседуваат каква и да е информација, туку со голема сигурност потврдена терористичка закана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top