| четврток, 6 декември 2018 |

13 000 долари за вештачки нокт на Гага

gaga
Вештачки нокт, носен од пејачката сензација Стефани Џерманота, беше продаден од аукцијата ПиЕфСи на Англичанец за 8 500 фунти (13 127 долари). Ако се прашувате која точно е Стефани Џерманота, таа е позната како Лејди Гага.

Акрилниот нокт, носен на концерт од “Мајката на чудовиштата” (уште еден нејзин псевдоним, е пронајден од работник. За да докаже дека минијатурниот додаток е автентичен, тој ставил слика од концертот, на која еден од ноктите на Гага недостасува.

Колку ли би чинел целиот комплет …

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top