Стручното жири на 14. Меѓународен карневал во Прилеп „Прочка 2015“ ги прогласи најдобрите групни и поединечни маски на карневалот.
Жирито во состав Ели Милошеска етнолог, Тони Чатлески ликовен уметник и Марјан Матракоски од локалната самоуправа за најдобра маска на Карневалот ја прогласи маската „Порака“ на учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ од Прилеп. А најдобра самостојна маска на Картневалот е маската „Прилепска тутунарка“.
Во категоријата за возрасни групни маски, според жирито, како што соопштува етнологот Ели Милошеска, најдобра традиционална е маската „Прочкари“, а најдобра современа е маската „Крали Марко и Црна Арапина“.
Во категоријата детски групни маски, најдобра традиционална е маската „Веселата ливада“ на учениците од основното училиште „Рампо Левката“ од Прилеп, а најдобра детска современа е маската „Лов без улов“ на учениците од основното училиште „Блаже Конески“.
Доделени се вкупно 15 награди и тие ќе бидат доделени на вечерашната карневалска забава во хотелот „Сонце“ во Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст