Џихадистичката организација Исламска држава денеска објави нова видео-снимка на која се прикажани заробени курдски борци, кои во кавези се возат по ирачките улици.
На снимката се 21 заробеници, во портокалова облека, кои се претставени како 16 борци на воените сили на ирачки Курдистан – пешмерги, двајца ирачки војници и тројца полицајци од Киркук.
Се уште не се прецизирани датумот и локацијата на снимката, но според курдски извори најверојатно е направена пред една недела на пазар во Хавиџи, град под контрола на ИД, кој е 50 километри оддалечен од Киркук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.