| четврток, 6 декември 2018 |

Бишев од Стопанска во Шпаркасе банка?

gligorbisevГлигор Бишев заминува од Стопанска банка од Скопје.
Бишев потврди дека по дванаесет и пол години донел одлука да ја продолжи својата кариера надвор од Стопанска банка, но не откри каде ќе замине. Банкарските кругови коментираат дека тој ќе биде новиот генерален директор на австриската Шпаркасе банка. „Доминантниот сопственик, Националната банка на Грција, е посветена на именување талентиран наследник, кој дополнително ќе ги зајакне активностите на банката. Во оваа насока, Бишев ќе остане во банката најдоцна до 30 јуни годинава, за НБГ да именува нов генерален директор и да обезбеди успешна транзиција“, соопштија од Стопанска банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top