Угледен фудбалер од англиската Премиер лига e уценуван од страна на девојка со која поминал луда сексуална ноќ, пренесува британски „The Sun“. Според весникот, фудбалерот подоцна и испратил на девојката свои експлицитни фотографии и видеа, кои таа сега ги користи за уцена.
Откако дознала дека нејзиниот љубовник е женет, таа од клубот побарала 100 илјади фунти за својата дискреција. Наводно, од клубот одбиле да платат.
Таблоидот од правни причини не ги открива ни името на фудбалерот, ниту клубот чии бои ги брани, но потенцираат дека е играч од одбраната, чие име е многу добро познато во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.