Патничко возило од марката „поло“ од засега непознати причини излета од патот. Тешката несреќа се случила утрово околу 10 часот на автопатот Скопје – Велес кај Катланово.
Во несреќата се повредени возачот и двајцата сопатници, кои се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, потврдуваат од СВР Скопје за „Република“.
Полицијата се уште е на местото и врши увид.
Фото: Ѓорги Личоски „Република“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.