| четврток, 6 декември 2018 |

Скопски стриптизер заработува и до 250 евра на вечер

Случајно се запознав со менаџерот и кога ми кажа што работи, веднаш му предложив дека сакам да го работам истото. На почеток беше скептичен бидејќи, нели, ова е ретка професија и малку се луѓето што можат да го прават тоа. Не ми беше тешко да се решам бидејќи видов лесен начин на заработка – вака скопски стриптизер  ја почнува својтата приказна за порталот Think.mk. Тој низ смеа откирва дека жените се многу поопуштени кога ќе се напијат.

Неговиот менаџер Оливер вели дека има периоди кога буквално никој не се јавува да побара стриптизер, но некогаш во еден ден му бараат по неколку. Најмногу работа имаат во мај и јуни, кога вообичаено почесто има венчавки.

– Сега е период на таканаречените „девојачки“ забави. Се јавуваат често, има такви кои ќе прашаат, но на крајот сепак не се одлучуваат, дали поради цената или нешто друго, навистина не знам. Јас работам со тројца стриптизери, и за да најмите еден, цената може да варира, но почетната е од 100 евра, па може да достигне и до 250 евра ако се работи за настап во друг град или на пример за празникот на жените, 8 Март, цената се дуплира, но најчесто кога се работи за стриптиз во дискотека – вели Оливер, кој веќе неколку години работи како менаџер на машки стриптизери.

Се случува понекогаш клиентките да не се задоволни од она што го нарачале, односно стриптизерот да не е многу забавен или да сака да заврши што порано.

– Немавме идеја каква моминска вечер да организираме и најлесно ни беше да повикаме стриптизер. Сепак, цената од 100 евра за 45 минути мислам дека е превисока за наши стандарди. Дечкото беше забавен, се трудеше да ја забавува идната невеста, но играше и со другите девојки. Проблемот настана кога не помина ни половина час, а тој рече дека му завршила точката. По нашата забелешка, го заврши својот настап – вели скопјанка која пред неколку дена ја изненадила својата најдобра другарка пред свадбата.

Сопственикот на секси-шоповите „Валијант“, има тројца стриптизери кои ги изнајмува за момински забави, за родендени и за забави.

– Има секакви побарувања кога станува збор за машкиот стриптиз. Се јавуваат, ме прашуваат како изгледа момчето што ќе танцува, прашуваат дали е атлетски граден. Се случува да ме прашуваат дали смеат да го мачкаат со пена, да го допираат. Различни луѓе, различни карактери – рекол сопственикот на Валијант за Think.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top