| четврток, 6 декември 2018 |

Стивен Хокинг ја откри најголемата закана за човештвото

Агресијата е најголемата маана на човечката раса и претставува најголема закана за човештвото, изјави Стивен Хокинг, за да ги поттикне луѓето да бидат поемпатични, јавува „Индепендент“.

Професорот Хокинг одржа говор во лондонскиот Музеј на науките.

“Агресијата на човекот му донесувала неколку предности додека се уште живеел во пештерите, за да може да најде повеќе храна и да освои нова територија или партнер, но сега се заканува да не уништи сите нас”, изјави тој.

Човечката особина која најмногу сакаше да ја истакне е емпатијата.

Животот на Хокинг е тема на филмот “The Theory of Everything”, во кој глуми Еди Редмајн. Тој изјави дека бил задоволен со тоа што можел да го даде својот официјален синтетизиран глас за да му помогне на Редмајн да освои Оскар и се пошегува: “За жал Еди не го наследи мојот добар изглед”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top