| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички победи, и утре ќе се обиде да дојде до деветтиот куп трофеј

Второто полуфнале од фајналфор турнирот во Купот на Македонија во кошарка меѓу Работнички и Куманово заврши со победа на најтрофејниот кошаркарки колектив во Македонија со 76-63.
Очекувано благиот фаворит на овој натпревар поради искуството кое го поседува Работнички дојде до победата иако првото полувреме од мечот не го навестуваше тоа.
Работнички брзо поведе со девет разлика, но Куманово се созеде од првичниот шок и преку Урош Лучиќ и Александар Костовски го измрани резултатот, за во продолжение од првите 20 минути дојде до предност од два коша разлика 39-37.
Одлучувачки момент на натпреварот беше третиот период од играта и на нападот по кој Работнички дојде до седум поени и истотолку разлика, која знаеше да ја одржи и да ја зголеми за мирна завршница во финишот.
Тренерот на Работнички Марјан Србиновски денеска за разлика од натпреварот против МЗТ в средата кога играше само со шест играчи, одбра тактика со многу ротации во тимот и одморени играчи од клупата, па сите што добија шанса ја искористија максимално.
Сепак најефикасни беа „кулите близначи“ двоецот Гечевски-Чековски кои постигнаа 13 и 16 коша. Одличен меч имаше и Ивица Димчевски со 14 коша како и Игор Бјелиќ со 11 поена.
Кај кумановци се истакна Урош Луковиќ со 18 поени и 12 скока како и репрезентативците Јаневски со 16 и Костовски со 13 коша.
Утре со почеток во 20.30 часот се игра големото финале, а во него силите ќе ги одмерат Работнички и Кожуф кој успеа да направи сензација во првиот полуфнален меч победувајќи го МЗТ Скопје.
Работнички ќе се обиде да дојде до деветтиот куп трофеј од 13 одиграни финалиња до сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top