Една од најстарите џамии на територијата на Ирак – џамијата “Ал Фарук”, беше минирана од борци на групата “Исламска држава”, објави во саботата телевизијата “Ал Арабија”.
Како што посочи портпаролот на властите во ирачката провинција Анбар, Сулејман ал Кабиси, за да постигнат максимално уништување, екстремистите ја минирале џамијата по целиот нејзин периметар. Според неговите зборови, “како резултат на експлозијата џамијата е срушен до темел”.
Изградбата на џамијата “Ал Фарук”, во ирачката провинција Анбар на 90 километри западно од градот Рамади, започна во втората половина на VII век, во времето на калифот Омар ибн ал Хатаб (ал Фарук) и е именувана во негова чест. Досега таа била повеќепати реставрирана и имала посебен статус како длабоко почитувано светилиште, забележува ТАСС.
Според информациите на Министерството за туризам и античките споменици на Ирак помалку од една година по драстичните активности на групата “Исламска држава” во контролираните од екстремистите територии се уништени околу 30 верски објекти, со исклучителна историска вредност. Меѓу нив се древни џамии, мавзолеи, христијански цркви, неколку манастири.
Од уништетните се издвојува џамијата на пророкот Јона во северниот ирачки град Мосул, која се почитува како од муслимани, така и од христијани, забележува ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст