| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на Северна Кореја раководи со воена вежба во Жолтото море

kim-jong-un-submarine_copy

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун раководи со воена вежба која симулира напад и заземање на остров во Жолто Море, јавија севернокорејските државни медиуми.

Треба почесто да се изведуваат воени вежби за севернокорејската армија да може да оствари одлучувачка победа во конфронтација со САД и да ги порази непријателите доколку ја нападне Демократска Народна Република Кореја – изјави Ким Џонг-ун.

Вежбата е изведена пред одржувањето на заедничката годишна јужнокорејска и американска воена вежба, која е планирана за март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top