| четврток, 6 декември 2018 |

Итен состанок на Координативното тело

poplavi-18

Kоординативното тело за превенција од природни непогоди денеска одржа состанок на кој се разгледуваше моменталната хидролошка состојба во Република Македонија и беа предвидени потребните мерки за превенција во наредниот период, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, в недела во попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд од 20 до 40 литри на метар квадратен.

Согласно прогнозата, во среда се очекуваат нови врнежи од дожд со интензитет од над 30 литри на метар квадратен. Дождовите ќе бидат во западните и јужните делови на Република Македонија.

На состанокот, стои во соопштението, биле дадени насоки на водостопанските организации, кои стопанисуваат со браните за регулирано испуштање на вода од истите.

Состојбата се следи од сите надлежни институции, и за ваквата прогноза се известени сите ЕЛС со цел навремено преземање на соодвени превентивни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top