Во болница во Лос Анџелес починаа два лица, а нивната смрт се поврзува со смртоносната бактерија ЦРЕ. Се стравува дека повеќе од стотина други пациенти биле изложени на оваа зараза, јавува „Си-ен-ен“.
Портпаролката на болницата во Лос Анџелес во пишана изјава соопшти дека седум пациенти се заразани од супербактеријата која е отпорна на лекови, а двајца веќе починале.
Болницата контактирала 179 други пациенти на кои од октомври до јануари им била направена ендоскопија и тие ќе бидат тестирани на агресивната бактерија.
– Интерната истрага утврдила дека оваа бактерија може да се пренесе со ендоскопија – соопштија од болницата.
Во Калифорнија расте стравот дека ЦРЕ е отпорна на сите тестирани антибиотици, а кај 50 отсто од заразените предизвикува сигурна смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.