
Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека минатите години е направено многу за да се зацврсти руската војска.
Тој на Денот на борците за татковината изјави дека Русија со нетрпение го чека 9. мај, кога ќе се прославуваат 79 години од крајот на Втората светска војна.
– Активно ги развиваме и нуклеарните и воздушните сили, тоа е гаранција за глобалната еднаквост. Датумот кога завшри Втората светска војна е голем датум за рускиот народ, за советската војска, која придонесе за клучните победи над нацизмот – изјави Путин.
Тој потсети дека Советскиот сојуз во Втората светска војна загуби 26 милиони луѓе, а повеќе од половина од нив беа цивили.
– Тоа е наша победа, наша историја и ние мора да ја браниме од лагите – рече Путин, укажувајќи на тоа дека официјална Москва почувстувала претензии од Украина и Полска да се измени историјата и да се намалат руските жртви за време на војнат.
Путин исто така истакна дека и другите светски сили не би требало да имаат илузии да мислат дека може да бидат посилни од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


