Комесарот за заштита од дискриминација во Албанија позитивно одговори на реакцијата и барањето на македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана во врска со формуларот за поплаки, кој досега не беше печатен на македонски јазик.
– Формулар за поплаки од дискриминација во иднина ќе биде испечатен и на македонски јазик и неговото кирилично писмо. Оваа последователна неправда не можевме да ја трпиме. Реагиравме и експресно добивме позитивен одговор, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на „Илинден“. Според него, формуларот бил печатен на албански, грчки, ромски, но не и на македонски јазик.
Во позитивниот одговор на комесарката за заштита од дискриминација Ирма Бараку се нагласува подготвеноста за соработка, се заблагодарува на разбирањето за направениот пропуст и нагласува дека и формуларот и други информации во иднина ќе бидат не само на албански, туку и на јазиците на малцинствата, вклучувајќи го и македонското.
Ова, како што вели Ѓурѓај, е втор последовател успех на „Илинден“ кога станува збор за остваување на легитимните права на Македонците. Претходно, по доставната писмена реакција од страна на „Илинден“, Националната агенција за туризам на Република Албанија се извини и одговори дека напишаното име ФИРОМ ќе биде заменето со Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


