| четврток, 6 декември 2018 |

Дипломатска средба за Договорот за добрососедство

mnrВо Скопје денеска се одржа седмата средба на работните групи од  министерствата за надворешни работи на Република Македонија  и Република Бугарија  во врска со консултациите по договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Како што соопштија од МНР, двете работни групи во конструктивна атмосфера разменија мислења и ставови за насоките и ги разгледаа елементите на текстот на идниот договор.

Договорено беше следната средба да се одржи во Софија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top