
Продуцентот Димитар Николов е новиот претседател на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, соопштија од Друштвото на филмски професионалци на Македонија (ДФПМ).
Николов едногласно беше избран денеска на Изборното собрание на ДФПМ, соопшти Роберт Насков.
Николов доаѓа на местото на Лабина Митевска, која шест години беше на чело на „Браќа Манки“ и многу вешто и успешно го водеше фестивалот.
Во нејзино време таа успеа да ги донесе гостите од светскиот филм – Дерил Хана, Kатрин Денев, Изабел Ипер, Жилиет Бинош, Викторија Абрил.
Николов е одамна во филмската индустрија. Неговата фирма „КТ филм и медиа“ се занимава со продукција и дистрибуција на филмови.
Според статутот на ДФРП, новиот директор ќе има мандат од две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


