| четврток, 6 декември 2018 |

Новата „бомба“ на Заев уште еднаш потврди дека материјалите се добиени од странски центри

Zaev bomba 3 6 (Custom) Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска објави нови телефонски разговори. Со објавување разговори на првиот човек на УБК, тој  повторно недвосмислено потврди дека искреираните материјали кои ги објавува се добиени од странски центри и нивни агентурни инсталации во Македонија. И денешната прес-конференција на Заев наведува на тоа дека Сашо Мијалков не прислушувал. Дали првиот човек на УБК е најприслушуваниот и бил цел на оваа мрежа?! Дали неговите разговори се снимени по наредба на самиот Мијалков?! Нелогично е шефот на УБК самиот себеси да се прислушува. Со денешните тврдења, опозицијата повторно направи клучна грешка. СДСМ, сакајќи да спакува и да стави во одреден контекст креирани разговори, од искреираните материјали се гледа дека постоеле јасни докази за криминалот на Љубе Бошкоски, за нелегално земање огромни суми парични средства. Иако СДСМ тврдеше дека е политички монтиран случај, се покажа дека Бошкоски зел нечисти стотици илјади евра, а со тоа и дека правел криминал при финансирање, дека има заштитен сведок што е несоборлив доказ и дека направил дело од повеќе години затвор. Првиот човек на УБК во еден од разговорите посочува дека нема да дозволи насилство на изборите и сѐ мора да биде според закон и за секого да важи законот, без разлика на „наши“ и „нивни“, како што се посочува дека кажал, што е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ победи на регуларни избори. Според искреираните материјали кои досега ги објави Заев, се гледа дека се следени луѓе од власта, што јасно покажува дека се работи за смислено сценарио од странски центри во кои цел се луѓе од власта, а Заев е продолжена рака на тие центри кои го спроведуваат ова сценарио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top