| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку интересни факти за Мексико

Mexico 2

Такoс, текила, плажи, ова се работите што асоцираат на Мексико.

Погледнете неколку интересни факти за оваа земја, кои можеби не ги знаете:

Мексико е татковината на салата Цезар

cee

Салатата е измислена од Цезар Кардио, кој има италијанско-американско потекло и почнал да ја нуди во својот ресторан во Тихуана. Овој факт, сепак, е непотврден бидејќи има и други, кои си ги припишуваат заслугите за оваа салата.

Тука се наоѓа најмалиот вулкан во светот

cu

Најголемиот вулкан во светот е Мауна Лоа на Хаваи, а најмалиот е „Cuexcomate“, во близина на градот Пуебла во Мексико. Тој е висок само 13 метри. Тој е висок помалку од половина од висината на Статуата на слободата и едвај 6 пати повисок од Леброн Џејмс.

Не шегувајте се со химната

мексиканското-знаме1

Има закони во кои е опишано, како може и како не може да се исполнува националната химна. Ако ја  исполните неправилно, ризикувате да ве казнат.

Го сметаат топлото чоколадо за божји пијалак

Кога Хернан Кортез стапнал на брегот на Мексико, Ацтеките мислеле дека тој е бел Бог и го пречекале со топло чоколадо.  А како тој им вратил? Со грабежи, палење на домовите, силување на жените и така натаму.

Маите користеле стршени за да го нападнат непријателот

Во времето на Маите немало многу голем избор на оружје, но тие имале начин како да го шокираат непријателот. Тие одгледувале јата со стршени и за време на нападите фрлале гнездо на стршени врз напаѓачите.

Во Мексико живее вториот по богатство човек во светот

cs

Бил Гејтс повторно си ја врати титулата најбогат човек во светот, но долго време ја држеше Карлос Слим. Милијардерот располага со 72 милијарди долари, што е околу 7% од целиот БДП на Мексико.

Главниот град, Мексико Сити, е најбогатиот град во Латинска Америка и е многу густо населен.

Најмалото куче во светот, чивава, го носи името на мексикански град.

Ентони Квин е првиот Мексиканец што ја добил наградата „Оскар“, и тоа за филмот „Вива Запата“ од 1952 година.

Мексиканските деца не добиваат подароци за Божик, туку на 6 јануари, кога е мексикански празник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top