Четири години по првата презентација на модели на „Ферари“ што користат мотори со осум цилиндри (308 ГБТ) и по серијата претставувања на прототипот за новиот модел, италијанската фабрика за луксузни автомобили „Ферари“ го претстави „488 ГТБ“, кој порано беше именуван како „458 М“ (Modificata).
Во „ферари 488 ГТБ“ е вграден мотор со зафатнина од 3,9 литри, со осум цилиндри и со две турбини, а произведува 670 коњски сили и обртен момент од 760 њутн-метри. Таа сила е сосема доволна за овој суперавтомобил да забрза од 0 до 100 километри на час за неверојатни три секунди, 200 километри на час развива за 8,3 секунди, додека максималната брзина од 330 километри на час ја постигнува за една минута и 23 секунди.
Силата на моторот се пренесува на задната оска по пат на подобрениот седумстепен автоматски менувач со два куплунга. Автомобилот има неверојатно забрзување кога педалот за гас ќе се притисне до крај. Издувниот систем е модифициран со што се добива полн, чист и потполно препознатлив звук за „ферари“.
Кога се работи за измени во дизајнот, големиот отвор за влез на воздухот во предниот дел на автомобилот, кој потсетува на првиот модел 308 ГТБ, сега е поделен на два дела.
На автомобилот лесно се гледа дека предниот спојлер е поширок од вообичаено, а вграден е нов спојлер кој е задолжен за дополнителна стабилност и кој работи заедно со новиот дифузер со активни крилца. Задните светла, исто така, се редизајнирани и се со ЛЕД.
Во внатрешноста сè е познато, но со неколку промени. „Ферари 488 ГТБ“ отсега може да користи и сателитска навигација, нови отвори за воздух, инструментална табла, нови седишта, нов интерфејс како и нова графика на мултимедијалниот систем.
„Ферари“ најави дека официјалната презентација ќе ја направи на големиот Саем за автомобили во Женева кој ќе се одржи следниот месец, додека верзијата „Спајдер“ ќе пристигне во септември на Саемот за автомобили во Франкфурт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст