| четврток, 6 декември 2018 |

Енергетската иднина на Европа причина за новата Студена воjна

САД и Ру­си­ја по­втор­но се во сре­ди­ште­то на конф­ликт кој би мо­жел да го од­бе­ле­жи ве­кот, а Евро­па, пак, по­втор­но е цен­трал­но­то бој­но по­ле. Се­пак, оваа ре­при­за на Сту­де­на­та вој­на не е за во­е­на над­моќ. Се­га се во­ју­ва за топ­ли­на и за стру­ја за де­се­ти­ци ми­ли­о­ни Евро­пеј­ци. На во­е­ни­те ма­пи се­га не се цр­та­ат во­е­ни тру­пи, ба­тал­јо­ни со тен­ко­ви и ра­кет­ни си­ло­си, ту­ку га­со­во­ди, при­ста­ни­шта и еле­ктрич­ни цен­тра­ли

Ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма не са­мо што еска­ли­ра во за­о­стру­ва­ње­то на еко­ном­ски­те санк­ции за Ру­си­ја и ѝ да­ва во­е­на под­др­шка на Укра­и­на, ту­ку и ја за­бр­за по­не­за­бе­ле­жи­тел­на­та, но по­го­ле­ма кам­па­ња за од­вик­ну­ва­ње на Цен­трал­на и на Источ­на Евро­па од за­вис­но­ста од ру­ска­та енер­ги­ја. Спо­ред САД, ко­неч­ни­от ус­пех би би­ло „ос­ло­бо­ду­ва­ње­то“ на по­ра­неш­ни­те со­вет­ски зем­ји и са­те­ли­ти од де­це­ни­ско­то еко­ном­ско из­жи­ву­ва­ње на Мос­ква.

За таа цел, Ва­шин­гтон по­ма­га да се из­гра­дат но­ви га­со­во­ди и тер­ми­на­ли во об­ласт во ко­ја има 70-про­цент­на енер­гет­ска за­вис­ност од Ру­си­ја, а про­тур­ку­ва и аме­ри­кан­ски ком­па­нии на тен­де­ри за нук­ле­ар­ни цен­тра­ли и за тра­га­ње по на­фта во Евро­па со ме­тод на фра­кту­ри­ра­ње.

Ка­ко што на­пре­ду­ва Ва­шин­гтон, Кремљ го воз­вра­ќа уда­рот пре­ду­пре­ду­вај­ќи ги со­сед­ни­те вла­ди за пос­ле­ди­ци­те од ликувањето на за­пад­ни­те го­ри­ва. Ру­си­ја пра­ви ма­не­ври и се оби­ду­ва да ги по­бе­ди САД на нук­ле­ар­ни­те тен­де­ри, во ку­пу­ва­ње­то га­со­вод­на ин­фра­стру­кту­ра низ Евро­па и во кон­тро­ла­та на на­чи­нот на дви­же­ње на неј­зи­ни­те огром­ни енер­гет­ски ре­зер­ви кон За­пад, ка­ко и на тоа што пра­ват по­тоа европ­ски­те вла­ди со снаб­де­на­та енер­ги­ја.

– Ова е пар­ти­ја шах – из­ја­ви Амос Хох­штајн, спе­ци­ја­лен прет­став­ник на Стејт де­парт­мен­тот за ме­ѓу­на­род­ни енер­гет­ски пра­ша­ња, раз­ви­тку­вај­ќи кар­та на Евро­па со оз­на­че­ни по­стој­ни и пред­ло­же­ни га­со­вод­ни мар­шру­ти.

И по­крај тоа што САД со де­це­нии ги при­ти­ска­ат европ­ски­те парт­не­ри да нај­дат но­ва на­фта, гас, јаг­лен и нук­ле­ар­ни из­во­ри, кри­за­та во Укра­и­на го зго­ле­ми вло­гот. Отка­ко Ру­си­ја ла­ни го пре­зе­де Крим и про­дол­жи да ги под­др­жу­ва бун­тов­ни­ци­те во бру­тал­на­та гра­ѓан­ска вој­на во Укра­и­на, Евро­па по­и­на­ку гле­да на без­ус­лов­но­то пот­пи­ра­ње на ру­ска­та енер­ги­ја.

 

Увоз на ру­ски гас во ЕУ

Ру­си­ја е нај­го­лем снаб­ду­вач на гас во Евро­па – таа обез­бе­ду­ва ду­ри ед­на тре­ти­на од по­ба­ру­вач­ка­та на овој кон­ти­нент. Ру­си­ја из­ве­зу­ва 300-450 ми­ли­о­ни куб­ни ме­три днев­но во ЕУ, од кои 40 про­цен­ти се из­ве­зу­ва­ат пре­ку Укра­и­на.

Др­жав­ни­от се­кре­тар Џон Ке­ри ми­на­ти­от ме­сец ја по­се­ти Бу­га­ри­ја за да прот­не но­ва ини­ци­ја­ти­ва за гас и да на­сто­ју­ва да про­тур­ка аме­ри­кан­ска ком­па­ни­ја да го освои тен­де­рот за гра­де­ње но­ва нук­ле­ар­на цен­тра­ла. Осум­де­сет и пет про­цен­ти од га­сот во Бу­га­ри­ја и це­ла­та стру­ја од нук­ле­ар­ни из­во­ри за­ви­сат од Ру­си­ја. Це­ни­те, кои се ед­ни од нај­ви­со­ки­те ме­ѓу зем­ји­те-член­ки на НА­ТО, се за­гри­жу­вач­ки за али­јан­са­та, ко­ја, пак, се гор­дее со по­бе­да­та во Сту­де­на­та вој­на.

– Би­тка­та бе­ше до­би­е­на. Но, и во 2015 го­ди­на Ру­си­ја сè уште се оби­ду­ва да им ја на­мет­не сво­ја­та вол­ја на лу­ѓе­то – им ре­че Ке­ри на вра­бо­те­ни­те во Ам­ба­са­да­та на САД во Со­фи­ја.

Во но­ем­ври, пот­пре­тсе­да­те­лот Џо Бај­ден, за да ги за­бр­за ра­бо­ти­те, ги по­се­ти Ро­ма­ни­ја – уште ед­на ран­ли­ва зем­ја, и Тур­ци­ја – европ­ски­от мост до ре­сурс­но бо­га­та­та Цен­трал­на Ази­ја.

Ви­кто­ри­ја Ну­ланд, гла­вен дип­ло­мат на Аме­ри­ка во Евро­па, и спе­ци­јал­ни­от прет­став­ник Хох­штајн ги по­ми­наа из­ми­на­ти­те не­кол­ку ме­се­ци ра­бо­теј­ќи со Евро­па на ко­ор­ди­ни­ра­на енер­гет­ска стра­те­ги­ја. По­ра­чу­ва­ат де­ка ако се­га не ус­пе­ат, Ру­си­ја ќе има мно­гу по­го­лем про­стор да го зго­ле­ми при­ти­со­кот.

И до­де­ка Ру­си­ја упор­но ги сек­ну­ва сла­ви­ни­те кои но­сат енер­ген­ти до неј­зи­ни­те со­се­ди, не­пре­ки­на­та­та бор­ба за власт ме­ѓу европ­ски­те вла­ди и енер­гет­ски­те ком­па­нии им ште­ти на оби­ди­те за ди­вер­зи­фи­ка­ци­ја на кон­ти­нен­тот.

На го­ле­ми­те зем­ји им е лес­но да склу­чат при­ват­ни до­го­во­ри со вла­да­та на Вла­ди­мир Пу­тин. Но, тоа не им е од ни­ка­ква пол­за на нај­ран­ли­ви­те европ­ски еко­но­мии, чи­ја­што ин­фра­стру­кту­ра е кро­е­на са­мо за на­ба­вки од Си­бир. Се­га, освен на­по­ри за ди­вер­зи­фи­ка­ци­ја, се за­бе­ле­жу­ва и по­го­ле­ма актив­ност на тоа по­ле.

Со под­др­шка од САД, Ли­тва­ни­ја и од Пол­ска на­ско­ро ќе поч­нат да уве­зу­ва­ат те­чен при­ро­ден гас од Нор­ве­шка, Ка­тар и, нај­ве­ро­јат­но – од САД. Но­ви­те га­со­во­ди ќе овоз­мо­жат зем­ји од Цен­трал­на и од Источ­на Евро­па да ис­по­ра­чу­ва­ат гас од за­пад кон исток и од се­вер кон југ.

За не­кол­ку го­ди­ни, ју­жен ко­ри­дор би тре­ба­ло да зе­ма го­ри­во од Кас­пи­ско Мо­ре пре­ку Азер­беј­џан, Гру­зи­ја и Тур­ци­ја и да го но­си до Евро­па, за­о­би­ко­лу­вај­ќи ја Ру­си­ја.

Та­кви­те по­те­зи, ком­би­ни­ра­ни со дру­ги пред­ло­зи – цен­тра­ла за те­чен гас на хр­ват­ско­то крај­бреж­је, мреж­но по­вр­зу­ва­ње на Бу­га­ри­ја и Ро­ма­ни­ја и на Ср­би­ја и Ун­га­ри­ја и по­го­ле­ма енер­гет­ска ин­те­гра­ци­ја на Шпа­ни­ја и на Фран­ци­ја – би зна­че­ле де­ка Евро­пеј­ци­те ќе мо­жат да раз­ме­ну­ва­ат по­ве­ќе енер­ген­ти ме­ѓу се­бе, да ма­не­ври­ра­ат со сво­и­те енер­гет­ски из­во­ри и да го ос­лаб­нат вли­ја­ни­е­то на Ру­си­ја.

Хох­штајн из­ја­ви де­ка САД би са­ка­ле ру­ски­от удел на европ­ски­от па­зар на гас да се на­ма­ли за 20 про­цен­ти до 2020 го­ди­на, што, спо­ред САД, би би­ло го­лем на­пре­док.

За­пад­на Евро­па фи­нан­си­ра, а САД да­ва­ат тех­но­ло­ги­ја и по­ли­тич­ка под­др­шка.

Во го­вор во „Бру­кингс ин­сти­тушн“, Ну­ланд ги поз­дра­ви Пол­ска, Ун­га­ри­ја и Сло­вач­ка за поч­ну­ва­ње­то со пу­шта­ње гас во обрат­на на­со­ка за да ѝ по­мог­нат на Укра­и­на да из­бег­не енер­гет­ска кри­за. Мол­да­ви­ја, пак, го по­вр­за про­то­кот на гас со Ро­ма­ни­ја.

– Ко­га ста­ну­ва збор за енер­гет­ска си­гур­ност, не збо­ру­ва­ме на­праз­но. Цел­та на стра­те­ги­ја­та е да се соз­да­де кон­ку­рен­ци­ја. Да се спре­чи ко­ри­сте­ње на енер­ги­ја­та ка­ко оруж­је – ре­че Ну­ланд.

Во САД се во­ди де­ба­та да­ли тие мо­жат да на­пра­ват мно­гу по­ве­ќе.

Иа­ко ре­во­лу­ци­о­нер­но­то фра­кту­ри­ра­ње овоз­мо­жи САД да ја пре­стиг­нат Ру­си­ја во бор­ба­та за пр­во­то ме­сто на ли­ста­та на нај­го­ле­ми про­из­во­ди­те­ли на на­фта во све­тот, из­во­зот од САД во Источ­на Евро­па е на ми­ни­мал­но ни­во. Де­лум­на при­чи­на се не­до­сти­гот од ин­фра­стру­кту­ра, ин­ве­сти­ци­и­те и транс­па­рент­но­ста во ре­ги­о­нот. Дру­га при­чи­на е не­пријатноста на САД од про­да­ва­ње те­чен при­ро­ден гас пре­ку оке­а­нот.

Спо­ред вла­сти­те на САД, аме­ри­кан­ски­от га­сен бум ве­ќе вли­јае врз ру­ска­та из­воз­на моќ со на­ма­лу­ва­ње на свет­ски­те це­ни и со ос­ло­бо­ду­ва­ње на на­фте­ни­те из­во­ри кои ина­ку би ги зел аме­ри­кан­ски­от па­зар.

„Газ­пром“ не­о­дам­на об­ја­ви де­ка про­фи­тот во пос­лед­ни­от квар­тал му пад­нал ду­ри 60 про­цен­ти.

Ме­ѓу­тоа, и Ру­си­ја не се­ди со скр­сте­ни ра­це.

Аме­ри­кан­ски функ­ци­о­не­ри па­ту­ваа низ Евро­па и ра­бо­теа со вла­ди­те на но­ви про­е­кти, а и ру­ски прет­став­ни­ци по­бр­заа да го на­пра­ват исто­то.

По­се­та­та на из­врш­ни­от ди­ре­ктор на „Газ­пром“, Але­ксеј Ми­лер, на Ун­га­ри­ја бе­ше при­чи­на зем­ја­та три ме­се­ци да пре­ки­не да пра­ќа гас во обрат­на на­со­ка кон Укра­и­на. Во си­те оста­на­ти слу­чаи на зго­ле­му­ва­ње на га­со­вод­на­та актив­ност во Евро­па од­го­во­ри со оби­ди за отку­пу­ва­ње на де­ло­ви­те.

Пред ед­на го­ди­на Ун­га­ри­ја об­ја­ви де­ка склу­чи­ла до­го­вор вре­ден 11,3 ми­ли­јар­ди аме­ри­кан­ски до­ла­ри со Ру­си­ја за из­град­ба на два но­ви ре­а­кто­ри во нук­ле­ар­на цен­тра­ла из­гра­де­на во вре­ме­то на Со­вет­ски­от Со­јуз. До­го­во­рот ре­чи­си не бе­ше прос­ле­ден со ме­ѓу­на­ро­ден тен­дер и ди­ску­си­ја тре­скај­ќи ѝ вра­та пред нос на аме­ри­кан­ска­та ком­па­ни­ја „Ве­стинг­ха­ус“, ко­ја бе­ше за­ин­те­ре­си­ра­на за до­го­во­рот.

Пу­тин во де­кем­ври го при­фа­ти по­ра­зот од мул­ти­ми­ли­јар­дер­ски­от план за из­град­ба на га­со­вод до Евро­па под Цр­но Мо­ре отка­ко про­ти­ве­ње­то на ЕУ надв­ла­деа. Но, Пу­тин се за­ве­ти де­ка ќе го зго­ле­ми снаб­ду­ва­ње­то на Тур­ци­ја пре­ку по­стој­на­та ин­фра­стру­кту­ра, а мож­но е и да из­гра­ди но­ва мре­жа ко­ја би но­се­ла гас до Гр­ци­ја и по­да­ле­ку.

 

Извор | „Асо­ши­еј­тед прес“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top