„ЕВН Македонија“ ја воведе новата услуга „е-фактура“, со која сметките за потрошена електрична енергија ќе може да се добиваат по електронска пошта. Од ЕВН велат дека со оваа услуга корисниците ќе бидат сигурни дека секогаш навремено ќе ги добиваат фактурите за електрична енергија, ќе имаат можност навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.
-Бенефитите од услугата „е-фактура“ се повеќекратни, се зголемува кoнтролата на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите. Услугата е достапна за сите корисници што ќе пополнат, потпишат и испратат формулар на електронската пошта [email protected] или, пак, формуларот директно ќе го достават во најблискиот кориснички енергоцентар (КЕЦ). Формуларот може да се најде на веб-страницата на „ЕВН Македонија“ www.evn.mk или во сите приемни канцеларии на корисничките енергоцентри (КЕЦ) – велат од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


