Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер оцени дека е многу важна соработката со Босна и Херцеговина во борбата против тероризмот.
Зборувајќи за засилувањето на контролата на границата на ЕУ со БиХ, што неодамна беше побарано од Европскиот совет, Лајтнер во интервју за сараевски „Дневни аваз“ истакна дека правната рамка на Шенгенот, едноставно мора во целост да се исцрпи.
Според неа, Европол мора да се постави на врвот на копјето на ЕУ во борбата против теророт.
– Затоа е важно напоредно да работиме на засилување на постоените механизми. Тука првенствено мислам на контакните точки (Focal Points Travellers) кои ги воспостави Европол. Преку нив се собираат, анализираат и разменуваат податоци за регрутација на сомнителни лица од ЕУ и трети земји кои патуваат во земји зафатени од воени дејсвија – објаснува австриската министерка.
Таа вели, дека целта е да се анализира нивнито движење, а за ефикасна борба против тероризмот поребно фокусот да се стави и на инернет, во рамките на што мора да се надгледуваат интернет страниците на различни јазици.
– За такво нешто потребно е да се обезбеди висока техничка и кадровска поддршка. Значи, ни треба ефикасна соработка на експертите од сите земји, како и од БиХ. Затоа е покрената иницијативата на Европол по пат на која се разменуваат информации од исламистички итнернетр страници и пропаганда на терористички организации – наведе Лајтнер.
Осврнувајќи се и на акцијата на австриските полициски агенции против терористи, со оглед на тоа дека се евидентни врски меѓу екстремисти во Австрија и БиХ, таа потсети на големата акција од крајот на минатата година во која учествуваа 500 припадници на полицијата во Виена, град Илинц.
Уапсени се вкупно 14 осомничени екстремисти, проповедници кои ширеа омраза и војници кои се вратиле од Сирија. Тие се обидувале да ја радикализираат муслиманската младина и да ги натераат да се борат во Сирија. Собрани се многу докази кои укажуваат на терористички активности, истакна Лајтнер.
Прашањето да го коментира фактот дека Виена станала центар во кој се регрутираат исламисти таа рече дека како милионски град со различно социјално милје Виена, како и некои други метрополи, добра подлога за индоктринација или радикализација. Освен репресивните мерки што ги преземаат безбедносните агенции, Министерството за внатрешни работи е ангажиано на една севкупна општествена задача, а тука пред се, мислам на мерки за сензибилизација на општествената ситуција и советување за екстремизмот, прецизираше австриската министерска за внатрешни работи на интервјуто за „Дневни аваз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.