| четврток, 6 декември 2018 |

Исплатени 94 милиони денари субвенции за полjoделството

пченица

Државата денеска исплати 94.000.000 денари субвенции за полjоделството. Финансиска поддршка за посеани површини со полјоделски култури се исплатени на 7.181 земјоделец, соопшти Министерството за финансии.

Владата на земјоделците им исплаќа по 9.000 денари по хектар посеана површина полјоделски култури, а од 2014 година ја зголеми поддршката за пченицата за која субвенцијата ја зголеми на 12.000 денари по хектар.

Владата на Република Македонија, како што наведуваат во соопштението, ќе продолжи и во иднина да го поддржува полјоделството со субвенции, како и останатите гранки во земјоделството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top