| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанската полиција уапси Албанец со 30 килограми хероин

хероин

Полицијата во италијанскиот град Падова уапси педесет и шестгодишен албански државјанин, во чијшто дом пронашла 30 килограми хероин, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според електронското издание на тиранскиот весник „Шекули“, во добро организираната полициска акција е уапсен Ружди Е. во чијшто стан била пронајдена дрогата, која, доколку се продава на мало, достигнува вредност од два милиона евра.

Уапсениот Албанец не работел никаде, а живеел во станбен комплекс заедно со сопругата, синот, снаата и внуката.

Полицијата забележала сомнителни движења во зградата каде што живеел Ружди Е. и кога влегла во  станот, открила голема торба, една бела и две црни вреќи, во кои имало дрога.

Веднаш по апсењето, тој изјавил дека не знае ништо за другата  и оти мислел дека тоа било брашно. Пред полициските инспектори потоа изјавил дека „брашно“ редовно му го испраќал негов сонародник кого не го познава и не може физички да го опише.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top