| четврток, 6 декември 2018 |

Блиска средба на два ловци на НАТО и руски бомбардер! (видео)

На снимката не е наведено каде се одвивала драмата, но руските медиуми шпекулираат дека овој инцидент се случил на границата меѓу Летонија и Русија.

Ново “фалење” со оружје на небото над Балтикот! Руската телевизија “Ѕвезда” објавила ексклузивна снимка на која се гледа како два ловци на НАТО пресретнуваат руски бомбардер од типот “TU-95MS”.

На снимката не е наведено каде се одвивала драмата, но руските медиуми шпекулираат дека овој инцидент се случил на границата меѓу Летонија и Русија.

На снимката се гледа дека пилотот на еден од авионите на НАТО, на својот руски колега му покажува какво вооружување има, а во арсеналот имало ракети воздух-воздух.

Ова видео го снимил екипажот на рускиот бомбардер, кој безбедно се слетал на писта на руска територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top