| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Кајмакоски имаше сообраќајка, „Мини морисот“ е уништен

Македонскиот поп пејач Даниел Кајмакоски попладнево имал сообраќајна несреќа. Неговото возило, марка „Мини морис“ како што соопшти „Канал 5“ е целосно уништено, а пејачот нема потешки повреди.

-Кајмакоски кај трговскиот центар „Мавровка“ се судрил со возило од марката „Пежо 206“ со белградски регистарски таблички, соопшти полицијата.

Возилото Кајмакоски го доби како подарок откако победи на српското шоу на „Х-фактор“. Оваа победа беше пресвртница во кариерата на Кајмакоски.

На 12 ноември 2014 година, со песната „Лисја есенски“, Кајмакоски победи на Скопскиот фестивал, со што го доби правото да ја претставува Македонија на фестивалот „Евровизија“ во Виена, Австрија. Притоа, Кајмакоски беше коавтор на текстот за победничката песна, заедно со Александар Митевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top