Силна нервоза владее во СДСМ и кај оние блиски до опозицијата, новинарите финансирани од СОРОС и нивните поддржувачи. Најавата за „Македонски анонимуси“ го алармираше раководството на СДСМ.
Зоран Заев не престанува да се заканува кон сите. По уцените со материјалите кои ги најавуваше како “бомби“, сега прстот го вперува кон сите страни. Преку социјалните мрежи Заев напиша дека е подгототвен за анонимусите и им порача „нека почнат, па ќе видат што значи вистински анонимуси“! За многумина, оваа порака е лична закана од Заев.
Опозициските медиуми финансирани од СОРОС со голема претпазливост пишуваат за ова. Дел од нив веднаш кажаа дека нема да објавуваат материјали од анонимусите. Меѓу нив, страв и нервоза го зафати и гласноговорникот на Заев, Бранко Героски. Героски порача дека „ќе продолжи да објавува само за бомбите на Заев“, но доколку се појават други тонски записи кои не би биле објавени на начин каков што СДСМ ги објавува, независно што и материјалите на СДСМ се незаконски стекнати, неговите медиуми нема да го објавуваат тоа.
Паниката го натера Героски да признае дека објавувањето на материјали кој СДСМ ги објавува се незаконски и се казниво дело. Героски не објаснува како објавувањето за материјалите на СДСМ е законско, а се друго е незаконско кога и тој самиот во продолжение пишува дека објавувањето е “казниво според член 151 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија“. Героски истовремено ја трга одговорноста на од него контролираните медиуми „Плусинфо“ и „Слободен печат“.
-„Плусинфо“ и „Слободен печат“ не можат да преземат одговорноста за изнесување и пронесување навредливи и клеветнички содржини, доколку не се исполнети условите за неказнување експлицитно пропишани во Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета- напиша Героски. Нејасно е што Героски сака да сокрие, зошто е нервозен и зошто објавувањето на бомбите на СДСМ е законски, а се’ друго би било незаконски, дополнително што навистина никој не ја знае содржината на тоа што ќе објавуват тие.
Заканите на „Македонските анонимуси“ влеаја страв кај раководство на Заев и медиумите на СОРОС, што значи дека станува збор за снимки кои кријат значајна содржина, но можат да откријат многу повеќе од тоа што опозицијата сака да се слушне. Дали станува збор за афери? Шеми на опозицијата во судството? Коалициски скандали? Постапување на СДСМ на избори? Местење на тендери? СОРОС и мрежата на финансирање?
Овие одговори ќе се дадат кога ќе се разбере дефинитивно кој стои зад анонимусите. Се развија две можности- или материјалите ќе потекнат од раководството на СДСМ кое гледа дека Заев ја носи партијата во анбис. Познавачите предвидуваат дека анонимусите се продукт на некој од СДСМ, кој е под контрола на Заев, но гледа дека лидерот ја турка партијата во бездна, и сака да се стави крај на тоа.
Втората можност е дека таканаречените македонски анонимуси се креирани лично од Заев и раководството со кои на овој начин, би сакале да пуштат нелегално стекнати материјали кои се однесуваат на лица од опозицијата, кои не се под директна контрола на Зоран Заев. Ако оваа цел им се исполни, тогаш Заев би вршел дополнителна закана кон овие опозиционери, а објавите и уцените ќе имаат за цел нивна политичка елиминација.
Зоран Заев ги држи во грч и страв, не само сегашните, туку и поранешните функционери на опозицијата. Тој самиот кажа дека има материјали и за Бранко Црвенковски, а тогаш материјалите се однесуваат и на сите блиски соработници на неговиот претходник на чело на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.