Американскиот претседател Барак Обама вчера го именуваше Џозеф Кленси за директор на Тајната служба игнорирајќи ги апелите за поставување „човек од надвор“ по низата скандали што ја потресоа службата.
Педесет и деветгодишниот Кленси беше задолжен за заштита на Обама и на неговите претходници.
Белата куќа соопшти дека Кленси, без оглед што е човек од Тајната служба, има јасна процена како треба да се реформира агенцијата.
Претходната директорка Џулија Пирсон поднесе оставка откако во септември минатата година маж вооружен со нож ја прескокна оградата и упадна во Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.