Во текот на 2015 година во Армијата на Република Македонија ќе бидат примени 250 професионални војници.
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Горанчо Котески, денеска ги посетија кандидатите за професионални војници кои ја поминуваат третата фаза од проверката.
– Министерството за одбрана го почна првиот циклус на прием на 125 професионални војници на Армијата на Република Македонија во текот на јанури. До 2 февруари се пријавија 1007 кандидати, а по проверката на нивните документи утврдивме дека 38 од кандидатите се постари од 25 години, со што не го исполнуваат тој услов, а 18 кандидати имаа нецелосни документи – истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Започнати се првите три фази: психолошки тест, општообразовен тест и проверка на физичка способност. Сите оние кои ќе ги поминат овие три елиминациони фази одат на лакеаркси преглед, по што следат следните две фази: пливање на 50 метри и селективниот курс кој трае 24 дена.
– По завршувањето на овие фази се избираат 125 професионални војници и тие ќе бидат примени во Армијата на Република Македонија, со што ќе почне шестмесечна специјалистичка обука – заклучи Јолевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст