| четврток, 6 декември 2018 |

Коњановски: Земјоделците ќе бидат обесштетени веднаш по процената на штетите од поплавите

Обесштетувањето на земјоделците од поплавите ќе почне веднаш штом ќе заврши процената во согласност со извештаите од теренски анализи која веќе е во тек, изјави заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски.

– Веднаш по настанатата штета од поплавите, стручни екипи на Министерството ги посетија погодените региони, струмичкиот, валандовскиот, светиниколско, Богданци, изготвија извештаи врз основа на кои овластените проценители ќе кажат колкава сума треба да добијат производителите – рече заменик-министерот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top