| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување за можен самоубиствен бомбашки напад во Шведска

сведска

Шведската полиција доби интернационално предупредување од Норвешка во врска со извесна жена која планира самоубиствен терористички напад во Шведска, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Станува збор за таканаречена „портокалова белешка“ која е издадена по меѓународен канал преку Интерпол.

Жената за која станува збор неодамна отпатувала од Норвешка за Сирија каде што учествувала во обука за користење оружје во борбени дејства.

Како што пишува шведскиот весник „ГТ“ на својот веб-сајт, норвешката безбедносна полиција ПСТ се сомнева дека млада жена од Норвешка планира да изврши напад така што ќе активира експлозивна направа поставена на сопственото тело.

Засега нема податоци за локацијата во Шведска каде што би можел да се случи самоубиствениот терористички напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top