Полициски службеник синоќа половина час по полноќ бил физички нападнат во струмичко Костурино откако вршел редовна работа по пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Додека полицаецот разговарал со 47-годишниот Ж.К. бил физички нападнат од неговите синови Н.К.(21) и З.К.(19).
-По ова, друг полициски службеник од службениот пиштол испукал предупредувачки истрел во воздух заради заплашување, а напаѓачите продолжиле да се закануваат, а потоа Ж.К. и Н.К. со патничко возило „пасат“ се дале во бегство и на влезот на Гевгелија предизвикале сообраќајна незгода удирајќи во две службени возила на МВР – информираат од МВР.
По преземени мерки лицата се приведени во СВР Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре