Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека РС попрво ќе се одвои од Босна и Херцеговина отколку што БиХ ќе влезе во Европската унија.
Тој смета дека Европа на БиХ и дала „пожестоки и потешки“ услови отколу што биле пред една година и оти Меѓународната заедница „ја чува БиХ со насилство“, поради што земајта не може да опстои.
– Освен прашањето за механизмот на координација и пресудата Сејдиќ – Финци, сега имаме уште еден услов – еврокомисијата да процени дека се работи на напрадок по пашањето на економските реформи – прецизираше Додик прашувајќи се „Какви тоа реформи спроведува БиХ“.
Тој рече и дека Хрватска повеќе не крие дека сака да ја помогне хрватската компонента и оти е неизоставна и во Федерацијата и во БиХ.
– Народот мора да сфати дека во БиХ ништо не функционира… Јас никогаш не сум се обидувал да го урнам Уставот на БиХ, но се спротиставував на уривањето на уставниот поредок – изјави Додик за ТВН1. На крајот тој уште рече дека Меѓународната заедница погрешно проценила дека „Милорад Додиќ е нечиј“.
– Јас дојдов тука за да ги бранам интересите на српскиот народ и на Република Српска. Тоа што мене некој поггрешно ме проценил и сега сака да се вади, тоа не е моја работа – рече Додик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.