| четврток, 6 декември 2018 |

Ачковска: Одбрана на парламентарната демократија како услов за евроинтеграција на Македонија

Граѓанското здружение за одбрана на Македонија

Караванот на Граѓанското здружение за одбрана на Македонија патува од град во град и има единствена цел да ја одбрани Македонија од сите актуелни опасности, посочи Виолета Ачковска, една од челниците на здружението кое вчерва престојуваше во градот под Пелистер.

Целта е јасна, а тоа е одбрана на македонската држава од сите опасности кои деновиве ги гледаме, одбрана на парламентарната демократија како услов за европската интеграција на Македонија. Сите проблеми да ги решаваме на демократски начин, граѓаните да ги избираат владите и парламентарните групи, а не насилно и на улица или со монтирани процеси каков што деновиве води опозицијата на чело со Зоран Заев, истакна Ачковска.

На трибината во Битола беше појаснета актуелната општествено-политичка ситуација во државата гледана од различни аспекти, и како што беше нагласено, опасностите кои демнеат од странско сценарио кое Македонија треба да ја стави на колена.
-Тоа што сега се прави во државата, и предизвикува голема штета на угледот на Македонија и според нас тоа е едно странско сценарио кое треба да ја стави Македонија на колена, да ја обезвредни во очите на европската јавност и на тој начин да ни се каже дека не треба да имаме држава, односно да се уништи македонската држава и затоа е оваа наша борба, борба да опстане државата, посочи Ачковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top